
Полицијата во Јагодина го уапсила Ж. Д. (62) под обвинение дека ја силовал снаата (23) од албанска националност пред очите на неговиот внук стар 3 години. Тој во вторникот околу 11 часот почекал неговата сопруга да оди со ќерката во град, а синот на лов, и тогаш ја нападнал.
“Ја однесол во спалната и ја фрлил на кревет. Ја соблекол гола и почнал да ја силува. Во тој момент се појавил нејзиниот син бидејќи несреќната жена вриштела но тој само го избркал од собата и продолжил…“, се вели во извештајот.
Осомничениот според изјавата на снаата веќе 10 месеци сексуално ја вознемирувал и ја користел секоја прилика кога ќе останеле сами.
Од кои причини жената не го пријавила никој не знае. Ќутела и трпела и откако полицијата го уапсила нејзиниот свекор, објаснила што се и правел месеците уназад.