Јадете и облекувајте се според формата на вашето тело

popara19 април, 20131min00
5

Формата на телото е причината зошто некои жени лесно ставаат на тежина, а некои не. Жените многу повеќе се загрижени за своето тело отколку машкиот пол, и таа нивна загриженост влијае врз нивното целокупно здравје. Во зависност од обемот на трите детерминанти – гради, половина и колкови,  најчести се четири форми на женското тело:  банана, јаболко, круша или песочен часовник.

Постојат големи разлики за тоа која форма би требало да се смета како идеална или преферирана во однос на останатите, а притоа водејќи се од атрактивноста и здравствените предиспозиции кои таа би ги имала како сопствен белег.

 

Јаболко

Жените сопственички на оваа форма имаат пошироки рамена од колкови. Најчесто имаат слаби нозе, додека стомакот и градите излегуваат надвор од пропорциите кога телото би се набљудувало од страна. Телесните масти се складираат околу половината, (односно во стомакот, градите и опкружувачките внатрешни органи како што е срцето), како и на лицето. Токму и затоа оваа форма е прилично пропорционална, меѓутоа без добро дефинирана половина.

При облекување треба да ги потенцираат нивните најдобри делови (адут им се градите и нозете), а на половината да одбегнуваат да и додаваат волумен. Се користи и терминот превртен триаголник.  Им се препорачува да практикуваат редовно пешачење, велосипедизам, џогирање, пливање.

Најпознати ‘’ јаболка’’се:  Кетрин Зета Џонс, Дру Баримор, Опра Винфри.

 

Круша

Кај ‘’крушите’’колковите се пошироки од рамената. Имаат дефинирана половина од причина што телесните масти им се таложат во задникот, колковите и бутовите кои претставуваат т.н. центар бидејќи се поголеми од остатокот на телото. Покрај терминот круша за оваа форма се користи и терминот триаголник. Жените сопственички на овој облик имаат тенденција да поседуваат релативно голема задница, а мали гради. Воедно имаат најголеми шанси да имаат рамен стомак без проблем. Стануваат поженствени со ставањето акцент на половината бидејќи така делуваат повитки.

Обликот на круша важи за најприроден и најнежен облик, токму и затоа статистички е најпривлечен за машкото око.

Крушовидните жени многу веројатно е да бидат подложни на целулит и проширени вени, како и на нарушувања во исхраната. Затоа се препорачува храна без конзерванси и избегнување вежби кои ги задржуваат мастите во телото, а да се практикува спортување од типот на возење велосипед, веслање и сл.

 

‘’Круши’’се: Џенифер Лопез, Шакира, Бионси, Џенифер Лав Хјуит и др.

 

Банана

Оваа форма е атлетски градена. Покрај банана ја нарекуваат и правоаголник. Се карактеризира со исти пропорции на рамената со колковите и недостаток на дефинирана половина. Доколку се во ситуација да добијат тежина, килограмите им се наталожуваат подеднакво и во горниот и во долниот дел од телото. Доколку пак се наталожени околу стомакот, се препорачува носењето појас околу половината би им помогнал визуелно да добијат струк, а истиот ефект би се постигнал и со носењето струкирани палта.

Многу жени условно кажано би убиле за ваква форма, бидејќи нема дел од телото кој би требало да го минимизираат, туку делови кои треба само вешто да се нагласат. Не секогаш жените со банана или правоаголник форма имаа мали гради. Со правилно облекување може без проблем да создадат излузија за поседување облини. За оваа форма се препорачува зелен зеленчук, риба, рибино масло и сл.

Личности ‘’банани’’: Камерон Дијаз, Никол Кидман, Хилари Даф итн.

 

Песочен часовник

Колковите и градите се речиси со иста големина. Телесните масти најмногу се таложат во градите и задникот. Кај оваа форма се зголемуваат рацете, колковите, градите и задникот, пред другите делови од телото. Жените кои имаат ваква форма се благословени со многу секси облини, но мора да внимаваат да не се ‘’удават’’во премногу широките облини и да не носат премногу отворени и провокативни парчиња облека бидејќи ќе делуваат вулгарно. Како и кај другите, така и кај оваа форма магичниот појас околу половината би ја истенчил фигурата и би ја направил поженствена.

За песочните часовници се препорачува особено намалено внесување на прости јаглехидрати (слатки), а повеќе порции богати со зеленчук, протеини, житарки и сл.

Песочни часовници:  Ким Кардашиан, Селма Хаек, Скарлет Јохансон и др.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma