Долго се шпекулираше за концептот Jaguar C-X17 SUV кој конечно се појави на моторшоуто што се одржа во Франкфурт. Јагуарот ќе биде достоен ривал на Audi Q5 и BMW X3, со храбар изглед и моќни мотори. Што се однесува до перформансите, најавено е само дека ќе има 4 цилиндрични бензиски и дизел мотори, а за останатите спецификации ќе причекаме некое време. Се очекува да се појави на пазарот некаде на почетокот на 2016 година со почетна цена од околу 35.000 евра па нагоре.
httpv://www.youtube.com/watch?v=fYFSdbUA-qo