Направен за брзо возење, Проџект 7 на најдобар начин ја поврзува современата технологија и тркачкото минато на Јагуар.
Мал е бројот на производители кои со успехот на тркачката патека или ексклузивниот имиџ можат да конкурираат на Јагуар. Како повеќекратен освојувач на престижните трки и редовен член на монденските гаражи, Јагуар од секогаш имал аристократски карактер, а со децении суверено владееше со пазарот за луксузни автомобили. Токму затоа секоја нова премиера се следи со големо внимание.
Проџект 7 е уникатна дизајнерска студија базирана на фантастичниот F тип родстер, а инспириран од тркачкиот D тип автомобил од педесетите години на минатиот век.