“The International Space Stations” (The ISS), ја прими најновата пратка од Земјата, а со неа дојде и специјален гостин. “Kirobo” е името на малиот јапонски робот кој успешно пристигна на вселенската станица.
Роботот е опремен со свој глас и со очи кои можат да препознаат лица и беше дел од пратката од 3.5 тони во која имаше секакви резерви и опрема за екипажот на станицата. Јапонскиот астронаут Киочи Ваката ќе тргне на својот прв лет во Ноември и ќе стане првиот јапонски командант на станицата.
Роботот, изграден од Тојота, е 34цм висок и е наменет да му прави друштво на Ваката. Киробо помина низ интензивни анализи и тестови кои беа креирани за да се решат многу проблеми кои роботот може да ги сретне во бестежинската околина во која ќе се наоѓа. Неговата главна мисија е да им помогне на астронаутите, кои се изолирани долго време, да се социјализираат и да не бидат осамени. Тоа што роботот изгледа како мало дете, не е случајно. Научниците се надеваат дека астронаутите ќе се поврзат повеќе со роботот и тој ќе ја изврши поуспешно својата мисија.
За повеќе информации, притиснете тука.