Исончаната кожа бара поинаква шминка, често е сува, неизедначена и мат, но сепак може да блесне со правилна шминка.
1. Пудра
Исончаната кожа треба добро да се хидрира. Тешки пудри не се опција, но сепак пробајте со полесни варијанти или со бронзер. Не заборавајте да ја проверите нијансата на пудрата, бидејќи онаа што сте ја користеле во текот на годината сега е премногу светла. Во текот на денот обидете се да ставате помалку пудра на лицето, оставете ја кожата да дише, особено ако сте на море.
2. Руменило
Нанесете бронзер под јаболчниците за да добиете длабочина на лицето. Секогаш користете руменило две нијанси потемно од вашето лице за сенчење. Нанесувајте малку по малку. Ако на почетокот претерате со руменилото, тешко е да го отстраните вишокот и на крајот ќе се приметува дека сте ја поправале грешката. Што се однесува до нијансата на руменилото, бојата на праска оди најдобро со исончанио т тен. Никако не одете на розе варијанта, тие нијанси оставете ги за зимскиот период.
3. Сенки за очи
Најнапред нанесете посветла сенка, пример бежово златна нијанса, за да ги отвори очите и да им даде сјај. Не е лошо да се задржите само на светли нијанси, но за вечерните излегувања бидете слободни да додадете потемна сенка, од средината кон крајот на окото. Црниот креон е секако класика и со него не може да згрешите, но ова лето во тренд се креони во боја па слободно може да си поиграте со нијансите.
4. Кармин
Со исончаниот тен обидете се да избегнете силни нијанси на кармини. Во летниот период не се препорачуваат темни кармини, бидејќи на одредена температура се растопуваат, па може да се растечат надвор од линијата на усните. Сјаевите се идеални за летото и ги има во сите нијанси, но внимавајте да не бидат премногу масни и густи.