Крис Корнел, неговата жена Вики и синот Кристофер уживаат на плажите во Мајами.
Корнел, музичар и текстописец кој се прослави со бендовите Аудиослејв и Саундгарден со своето семејство ужива во одморот на популарна монденска дестинација. Брачниот пар ги изненади сите со своите совршени тела, како да имаат по 20 години.
Двајцата изгледаат одлично, а 49 годишниот пејач не се одвојувал од сопругата покажувајќи дека и после 9 години брак нивната љубов е силна како на почетокот.