Како да се запре крварењето при хемороиди?

popara15 октомври, 20131min00
27

Крварењето на хемороидите е сигнал дека состојбата бара итна медицинска нега.

Какви чекори треба да се превземат за запирање на крварењето и спречување на компликациите?

  • Спротивставете се на налетите да се чешате

Несомнено, сите други мерки се осудени на неуспех, ако не ја почитувате оваа најважна препорака. Механичкото дејство го иритира ткивото и го нарушува интегритетот на крвните садови и на тој начин ја исклучува можноста за нивно лекување.

  • Потопувајте ги во топла вода

Постапката треба да биде извршена во када, 3 пати на ден по 15 минути. Топлата вода ја смирува иритацијата и го намалува крварењето и освен тоа ја одржува областа околу анусот чиста.

  • Применувајте локални препарати

Во аптеките се нудат креми, масти и супозитории, кои ја намалуваат болката и воспалението. Некои од производите имаат и состојки кои директно ги подобруваат васкуларните sидови.

  • Заменете ја тоалетната хартија со влажни марамчиња

Дури и најмеката тоалетна хартија е премногу груба за примена при крварење на хемороидите. Користете влажни марамчиња кои содржат екстракт од алое вера. Ова ќе им овозможи на ткивата да почнат да зараснуваат.

  • Применувајте ладни облоги

Ова е многу ефективен начин на ублажување на болката, кој освен тоа ги смалува потечените хемороиди и го намалува дразнењето на васкуларните sидови, намалувајќи го на тој нчин и крварењето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag