Сите ние кои припаѓаме на царството на живите не сме лишени од проблеми и фрустрации, а кога ќе се соочиме со проблеми реагираме на неколку начини…во зависност од околностите, нашата моментална состојба и нашите карактерни особини:
*Некои се повлекуваат во минатото што многу често води до депресија!
*Други сонуваат за иднината што често создава анксиозност!
*Следните се повлекуваат во себе и чекаат некој да ги спаси!
*Најмудрите и најхрабрите се соочуваат со кризата и ја трансформираат во нешто корисно. Од големата борба и криза може да се роди нов напредок и успех…од несреќата може да се роди благослов!