Како умираат ѕвездите?

popara15 јули, 20131min00
13

Иако можат да светат милиарди години, звездите како што е и нашето Сонце не живеат бесконечно и кога ќе им дојде времето заминуваат од ѕвезденото небо, а нивната смрт е прекрасен спектакл.

На фотографијата што ќе ја видите и која потекнува од Хабл е прикажана ѕвезда која умира при што се создава планетарна магла, наречена Ескимо небула.

Планетарната небула се создава кога ѕвездите со маса 8 пати поголема од нашето Сонце ќе немаат веќе доволно “гориво“ во последните фази од својот живот. Моќните гравитациони сили кои се создаваат во ѕвездата што умира ги исфрлаат надворешните обвивки во космосот при што се создава невидена спектакуларна сончева експлозија.

Ваквите појави не се важни само поради нивната уникатна убавина туку и поради податоците кои можеме да ги добиеме во врска со крајот на нашето Сонце.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *