Тој е насекаде околу нас но никој не го гледа и не знаеме како точно изгледа. Како точно изгледаат неговите бранови решија да откријат тек-блогерот Николај Лам и астробиологот Браунинг Фогел. Брановите на безжичниот интернет имаат одредена височина и се наоѓаат на извесно растојание еден од друг. Тие се пократки од радиобрановите и подолги од микробрановите, за да можат да се пренесуваат непречено од другите сигнали.
Различните под канали се покажани во различни бои. Тука импулсите се визуелизираат како сфери во боја и каде секоја боја претставува посебен дел од електомагнетното поле. Wifi брановите обично се со сферична форма или елипсовидни и се шират до 300 метри на отворено.