Идеалната разлика во висината помеѓу мажот и жената е 20 см, покажа најновото истражување. Според резултатите од истражувањето во кое учествувале над 50 000 души претставниците на силниот пол треба да се повисоки од партнерката најмалку една педа, за да биде парот естетски.
Учесниците во анкетата сметаат дека идеалната височина за маж е 188см, а за жена 173см. Според традиционалното мислење мажот треба да биде повисок од жената. Основните заштитници на оваа максима се жените кои предпочитаат да се пониски од своите избраници.
Психолозите го објаснуваат ова со фактот дека високите мажи се попривлечни и со подобри репродуктивни способности. Според статистиката кај 96% од двојките мажот е повисок од жената. Само кај 4% од паровите жената е повисока од својот партнер.