Каква фризура најмногу ги привлекува мажите?

popara3 јуни, 20131min00
7

Јасно е дека дамите се средуваат пред се поради себе, но не е на одмет да дознаат и која фризура најмногу ги привлекува припадниците на посилниот пол.

Сведоци сме на тоа дека жените ги менуваат своите фризури импулсивно обидувајќи се секогаш да бидат во чекор со новите трендови. Меѓутоа тоа не предзвикува најчесто восхит кај мажите, кои очигледно малку поинаку гледаат на поимот стил и убавина.

Еве ги фризурите кои од машки агол се најпривлечни, а кои од друга страна предпочитаат да не ги видат на главата на една дама:

Природното е секогаш во мода

Доволно е да спомнеме дека на листата жени со најпривлечна фризура се Адриана Лима и Џенифер Анистон. Локните исто така ги привлекуваат, но само доколку изгледаат природно. Во сите останати случаи жената изгледа како пудлица, за што ќе се сложите дека и не е некој комплимент.

Foto: Promo

 

Плавушите се АУТ

Според најновите истражувања дури 71% од мажите преферираат жени со темна боја на коса.

Долгата коса е ИН

Иако има жени на кои одлично им прилега кратка коса, оваа фризура според мажите не е привлечна и не е секси. 90% од нив тврдат дека нема ништо поубаво од долга природна коса.

Пуштена коса

Од истата причина пуштената коса секогаш им е помила од врзаната во реп или собрана во пунџа.

Foto: Loreal.com

 

Гелови и лакови НЕ!

Премногу стилизирана фризура со гелови и лакови воопшто не им изгледа привлечно. Колку и жените да се трудат околу тоа секое влакно да биде на своето место, за мажите тоа е сосема неважно.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma