
Популарната српска ѕвезда Јелена Карлеуша гостувајќи во емисијата Амиџи шоу ја претстави својата нова песна именувана како Ферари облечена во црвен провокативен костим.
Пејачката уште еднаш повтори дека нема конкуренција, а помеѓу своите колешки ги пофали само Северина, Емина Јаховиќ и Наташа Беквалац.
Карлеуша има позитивно мислење за Бијонсе, за која вели дека е една од ретките кои успева истовремено да пее и да ја изведува кореографијата, што според неа е многу тешко.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=mD0c41-Ojsk