После фијаското на Ушче пејачката го потврдува напишаното од страна на новинарите дека е сосема психички растроена и непресметлива…Не и е лесно!:)
Како што поминуваат деновите на нејзиниот Твитер профил читаме неверојатни статуси, понекогаш закани, но најчесто реченици кои би ги напишал само скроз забеган човек. Пред некој ден се обратила до новинарот од српскиот Курир Љубомир Радановиќ реагирајќи на неговата колумна во Курир насловена како “Ušće postalo Lešće za Jelenu Karleušu!”.
Иако во текстот на шеговит начин и без лоша намера се образложува причината за фијаското на ЈК на Ушче, пејачката тоа очигледно не го разбрала како што треба па напишала:
“Како да не реагирам на напишаното од некојси Љубомир од Курир кој напишал дека Ушче е мој гроб, а притоа да не посакам јас да играм на неговиот?“, напишала Карлеуша, а вие проценете до каде стигнала со паметот.