
Северина за своите фанови приреди спектакуларен концерт во саботата, а во публиката се најде и Јелена Карлеуша која после настапот изјавила дека сепак никој не е дораснат за нејзиниот концерт што беше одржан пред три години во Арена.
„Жената се труди и се бори, а јас го ценам тоа. Концертот беше како театарска представа и тој пристап одлично се усогласува со нејзината кул музика. Сосема сме различни и не треба да се прават било какви споредби, бидејќи тоа е невозможно“, изјавила Карлеуша и додала:
„Кога станува збор за концерти, во огледало ја гледам својата најголема конкуренција, бидејќи она што беше направено за шоуто All About Diva во Арена пред 3 години, никој до сега не успеа да го надмине“.
Карлеуша покасно на својот Твитер профил напишала дека публиката може многу повеќе да очекува на нејзиниот концерт во Ушче кој ќе биде одржан 15 јуни.
