
Кејти Пери веќе има 40 милиони фанови, додека бившата број еден е со неколку илјади зад неа.
Заостанувањето на Лејди Гага има објаснување – речиси половина година на нејзиниот Твитер профил не се објавени интересни вести.

Но голема е веројатноста повторно да се искачи на челната позиција бидејќи деновиве ја објави рекламната кампања за новиот сингл, каде позира гола, а голотијата привлекува внимание како ништо друго.

Што се однесува до Кејти Пери, таа освен што го празнува првото место меѓу ВИП дамите на Твитер, таа лансираше и нов парфем наречен Killer Queen.
