Откако Сесл Чао во септември минатата година понуди богат мираз за мажот кој ќе ја убеди неговата 30 – годишна ќерка лезбејка да се омажи за него, кинескиот милијардер примил илјадници повици упатени за неговата ќерка Гиги.
“Немам време да разговарам со сите 20.000. Оној кој ќе ја освои Гиги, ќе ужива во умерен луксузен живот“, рекол тој, но потврдил и дека понудата од 47 милиони евра се уште важела.
На ваков чекор се одлучил кога од весниците дознал дека неговата ќерка се венчала со својата девојка Шин Јенг во Париз, со која била во врска седум години.
“Гиги е се уште млада и убава. Има уште 70 отсто од животот да проживее“, рекол Чао, кој откако јавно ја соопшти понудата, добивал и повици од жени кои сакале да се омажат за него.
За да им покаже на мажите кои ќе успеат да ја заведат неговата ќерка во каков луксуз ќе живеат, тој им го отворил својот дом на новинарите на британскиот “Телеграф“.
Во продолжение погледнете што би можеле да добиете ако успеете да ја заведете ќерката на милијардерот Чао.
httpv://www.youtube.com/watch?v=xCohQTciPWs&feature=player_embedded