Ќофтиња со бел прелив од слатка павлака и пармезан

5 март, 20130
koftinja

Потребни состојки:

За ќофтиња:

  • 1кг мелено месо
  • средина од две парчиња леб натопена во млеко
  • 2 јајца
  • 1 средна главица кромид, ситно сечкан
  • ситно сецкан магдонос, околу една лажица
  • сол
  • бибер
  • вегета

Прелив:

  • 80гр путер
  • 1 рамна лажица брашно
  • 6дл. слатка павлака
  • 80гр рендан пармезан
  • сол, бибер

Начин на подготовка:

Сите состојки за ќофте добро измешајте ги со рака. Оставете во фрижидер најмалку половина час и обликувајте ќофтиња. Ставете по неколку во сад со брашно, малку протресете и пржете на врело масло од двете страни.

Ќофтињата во брашно тркалајте ги непосредно пред пржењето, немојте сите одеднаш туку онолку колку што планирате веднаш да печете.

Оставете ги на кујнска хартија до служење.

cats

За прелив:

Загрејте го путерот на умерена температура, бидејќи тој лесно загорува. Додадете брашно, малку пропржете, па додадете слатка павлака. Мешајте и оставете да зоврие, додадете и пармезан, измешајте да се истопи, додадете сол и бибер.

Служете со тестенини, помфрит, пире од компири, зеленчук..по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit