Кога жената изневерува, крив е мажот?!

popara2 мај, 20131min00
10

Жените по природа се моногамни, а мажите полигамни, така пишува во учебниците по биологија и психологија, но во животот нема строги правила. Историски, улогата на жената секогаш била одговорна – да роди и да одгледа деца, да создаде дом и да го балансира семејното огниште. Но сепак и во најдобрите семејства жената може да изневери и еве ги основните причини:

  • Да легнува, да се буди до еден ист маж месеци, години…А по карактер таа е толку жива, љубопитна, „експериментаторка“! Понекогаш само еден страстен машки поглед и галантен однос е потребен да и го сврти тлото под нозете и да ја потсети која е и каква била некогаш. Да ја потсети дека некогаш ѕвезди и симнувале, а сега е заробена во кујната и заобиколена од куп неперени алишта.
  • Кариерата…Кога амбицијата за повисока позиција ќе ја најде влезната врата преку моралните вредности. Воопшто не е лошо да и ја покачат платата со 30% по цената на деловен секс во четврток попладне. Прашање на пракса е да научи да заспива со чиста совест.
  • Слатка одмазда. Мажот ја изневерил и таа знае и токму сега е моментот да му врати. Ќе најде со кого, не е толку тешко. После повторно тој, после пак таа и ќе се покаже дека разводот е единственото решение на проблемот. Одмаздата никогаш не била добар мотив.
  • Досаден секс. Врелата тигрица во кревет умира од досада во „мртвиот“ брачен кревет кој служи само за спиење. Тој доаѓа касно навечер и мириса на туѓ парфем, уморен е за да се занимава и со неа, а и веќе не му е така интересна. Таа е незадоволена, раздразнителна, дури и мигрена може да ја фати. Многу силна причина и добро извинување за неверство.
  • Подароци и внимание….веќе и дошло преку глава од работа, обврски и грижи. Затоа кога ќе се појави кавалер кој и купува букет цвеќе, парфеми, накит, веш, ја носи на викенд и ја третира како принцеза, тоа ја прави да се чувствува повторно жена. Млада, посакувана и женствена. Кога некој ќе ти го заборави роденденот три пати по ред не заслужува ништо подобро.

Жената е упорно суштество и може да трпи долго време. За да изневери треба навистина се да и дојде преку глава и обично се собираат повеќе од една причина, што сериозно ги разнишува брачните основи.

Враќањето назад е возможно ако мажот не заборава за подароците, комплиментите, нежните зборови, романтиката. Кога мажот ќе почне да се труди како она време кога се обидувал да ја освои. Сите сте сведоци на тоа колку многу мажите се менуваат во односот кон својата партнерка и дека со тек на време ја сметаат како даденост. Ако постојано не и покажуваш на својата жена дека ја сакаш, дека е единствена за тебе и ако не ја третираш како таква, таа ќе ја најде целата таа грижа и внимание кон неа кај некој друг…

Потписот и бракот не се гаранција дека таа жена ќе биде вечно ваша. ..Жената е нежно суштество и треба да се чува како капка роса на дланка…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag