Потребни состојки:
- 4 колбаси
- чешне лук
- главица кромид
- 100мл црно пиво
- лажица мед
- 2 лажици кечап
- сол
Начин на подготовка:
Секој колбас исечете го по должина, но така што ќе останат споени на едната страна. Внатрешната страна намачкајте ја со пире од лук со малку сол и додадете ситно исецкан кромид. Нредете ги во плех. Медот помешајте го со кечап, додадете црно пиво, добро измешајте и прелијте ги колбасите.Печете во рерна околу 10 минути.