Колку е реална нуклеарната закана од страна на Северна Кореја?

popara4 април, 20131min00
6

Северна Кореја располага со ракети чија воена примена е доста ограничена и тоа поради нискиот степен на прецизност, гласи оценката од страна на Меѓународниот институт за стратешки студии IISS во Лондон.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг во петокот издаде наредба за подготовка на ракетен напад во правец на американскиот континент и базите на САД во Пацификот, после што американските власти сериозно ја разгледаа заканата од Пјонгјанг. Меѓутоа IISS се прашува колку е реално опасна балистичката закана од Пјонгјанг, со оглед на тоа дека нивните ракети се доста непрецизни, со можност за 1000 или 1500 метри промаршување на метата. Тоа значи дека само 50% од ракетите кои Северна Кореја би ги лансира кон одредена мета ќе паднат на помалку од 1000 метра до неа.

Освен тоа за да би ја уништиле метата, конвенционалното полнење кои овие ракети го носат е апсолутно недоволно за уништување на целта, бидејќи за тоа е потребна многу поголема количина.

Од IISS сметаат дека севернокорејските ракети опремени со конвенционални глави можат само теоретски да ги погодат американските бази во Јужна Кореја или Јапонија и дека повеќе би послужуле за загрозување на населението отколку уништување на американските бази.

Кога станува збор за ракети со висок домет, Северна Кореја со таков арсенал сеуште не располага, бидејќи сеуште е во процес на развивање на тој тип оружје, а ќе и бидат потребни години за да се снабди со материјал за создавање на меѓуконтинентални ракети.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *