Најновото истражување на DataGenetics покажа кои се десетте најчесто користени пинови кои припаѓаат во групата “ризичен избор“ и кои најлесно можат да бидат хакирани.
Десетте најчесто користени пинови се: 1234, 1111, 0000, 1212, 7777, 1004, 2000, 4444, 2222 и 6969.
Во истражувањето се вели дека најлесно се хакираат едноставните пинови како на пример 1234, а најсигурни се оние кои немаат логика и подреденост. Интересно е да се напомене и тоа дека според истражувањето најмалку користен пин е бројот 8068 што значи дека и него можете да го вклучите во листата со ризични пинови бидејќи постојат и такви кои после читањето на оваа статија би можеле да помислат дека токму овој пин е решение за нив.
Кражбата на кредитини и дебитни картици е чест случај во целиот свет, а најголем број кражби се забележани во САД и Мексико.