Колку вода да пиеме дневно?

popara15 април, 20131min00
12

Експертите после спроведената студија во Австралија тврдат дека препораките за дневната количина вода што треба да ја конзумираме имаат потреба од преразгледување и преработка.

Досега беше прифатено дека е потребно да се пие 2 литри вода дневно, но според истражувањето жените треба да примаат околу 2,8 литри течности, а мажите по 3,4 литри. Тие акцентираат дека станува збор не само за вода, а и за други течности – сокови, чај, кафе. Се бројат и овошјето и зеленчукот бидејќи во својот состав содржат висок процент вода.

Ако сте жедни, напијте се нешто – не е задолжително тоа да биде вода, појаснуваат експертите. Конзумацијата на големи количини вода со цел достигнување на неоходните дневни дози не врши работа. Само ќе ја разредите урината, велат тие.

Пиењето на многу вода не помага и за загубата на килограми. Овој трик не врши работа без нискокалорична диета и спорт.

Водата е важна за здравјето. Секогаш хидрирајте го организмот за да немате проблеми во иднина, но пијте вода само кога ќе сте жедни, не се налевајте само затоа што така треба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *