Состојки:
Кора:
3 јајца
1 чаша од јогурт шеќер
1/2 чаша од јогурт масло
1 чаша од јогурт млеко
2 чаши од јогурт брашно
3 лажици какао
1 ванилин шеќер
1прашок за пециво
Прелив за кора:
1,5 дл млеко
5 лажици рум
Крем:
7 дл млеко, 5-10 лажици шеќер, во зависност колку благо сакате
2 пудинг од чоколада
петит бисквити
слатка павлака 4 дл, или 2 шлаг крем
Подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот па додадете масло и млеко и на крај додадете го брашното измешано со прашокот за пециво и какаото. Се пече на 180 степени 20 минути.
Врелата кора се полева со млеко и рум.
Пудингот се вари со 7 дл млеко и шеќер и со врелиот пудинг се полива кората.
Веднаш после пудингот ставете ред бисквити. Важно е бисквитите да се стават на мошне врел пудинг за да омекнат.
Кога ќе се олади колачот, премачкајте го со матена павлака или шлаг крем.