Крис Браун го брани својот имиџ вака: “Сега никој не зборува за Џеј Зи кој нападна и избоде човек со нож!“
Крис Браун засекогаш ќе ја носи етикетата “насилник“ откако пред 4 години ја претепа Ријана. Во речиси секое интервју добива барем едно прашање поврзано со тоа, што него секако го вади од колосек, но од минатото не може да се побегне.
Во едно свое интервју американскиот пејач повлекол паралела со она што некогаш го направил неговиот колега Џеј Зи:
“Не сакам да звучи како да не го почитувам, бидејќи сум негов фан, но сега веќе никој не зборува за тоа како Џеј Зи на времето дилаше дрога и избоде човек со нож!“
Џеј Зи во 1999 година нападна човек со нож, но неговиот имиџ во јавноста никогаш поради тоа не беше нарушен и тоа е она што боли – вели Крис Браун.