Крштевката на малиот принц Џорџ

popara24 октомври, 201320min00
2

Со вода од реката Јордан, каде бил крстен Исус Христос, во параклисот на дворецот Сент Џејмс беше крстен синот на принц Вилијам и сопругата Катрин – принц Џорџ, соопштија британските медиуми.

Приватната церемонија започнала во точно 14 часот по Гринич. Принцот Џорџ пристигнал во параклисот, носен во рацете на неговиот татко Вилијам. До нив била мајка му, херцогињата на Кембриџ, Катрин.

Гордата мајка беше облечена во кремав комплет со шапка во истата боја. После крајот на крштевката, дедото на принцот Џорџ – принц Чарлс, и неговата сопруга Камила, приредија забава за гостите во Кларенс хаус.

Имињата на седумте кумови на принцот Џорџ беа официјално објавени. Меѓу нив се пријатели на парот од детството и студентските години, како и пријателка на покојната мајка на принц Вилијам – принцезата Дајана.

Параклисот каде е крстен малиот Џорџ е особено важен за принцот Вилијам бидејќи таму е поставен ковчегот на неговата мајка Дајана пред да биде погребана во 1997 година.

httpv://www.youtube.com/watch?v=TT7ffH83ZDE

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag