Според проценките објавени во книгата “Колку чини Париз?“, градот на светлината чини околу 706,9 милиарди евра.
Авторите на книгата, историчарот Патрис де Монкан и Жил де Буржи, тврдат дека евентуалниот купец на француската престолнина ќе мора да издвои минимум 700 милиарди евра за да стане нејзин сопственик.
За да ја одредат вредноста на главниот град на Франција, двајцата автори најпрво ја пресметале вредноста на околу 1,3 милиони станови кои се наоѓаат на пописот.
Така стигнале до сума од 525,147 милиарди евра, на што се додадени 142 милиарди за деловниот простор и 39 милиарди колку што се проценува вредноста на француските бутици.
И колку и да делува астрономска, оваа сума не ги вклучува и историските споменици како Ајфеловата кула, Јелисејската палата и Лувр, чија вредност почнува од 1,2 до 7,5 милиарди евра.