Ервин Шрудингер, физичар и нобеловец кој ни е збуни и фасцинираше со неговата теорија за квантна механика, денес се појави на знакчето на “Google”, попознато како “Google Doodle”. Не е случајно што токму тој е денеска прославен. Денес е неговиот 126-ти роденден.
Најпознат е по својот мисловен експеримент, наречен Шрудингерова Мачка, каде мачка е ставена во кутија и во моментот е жива и мртва, се додека не се отвори кутијата. Тој донесе голем придонес во светот на квантната физика, каде објаснува дека материја може симултано да биде во две состојби или локации, се додека не се измерат.
Доколку сакате повеќе да научите за него и неговиот придонес во физиката, едноставно стиснете на логото на “Google” или притиснете тука.
One comment
Александар
12 август, 2013 at 23:28
Мачката во кутија, реално е пример во кој мачката не е поентата него поентата е радиоактивниот изотоп кој го активира отровот кој треба да ја убие мачката.
Поентата е дека никој не може да каже дали изотопот се распаднал за да го активира отровот кој треба да ја убие мачката. Во таква „неизвесност“ не можеме да кажеме ништо за состојбата на мачката без да ја отвориме кутијата.
Во секој случај смислата е далеку по длабока, налик на примерот од теоријата на релативност за времето.
референца:
http://en.wikipedia.org/wiki/Schr%C3%B6dinger%27s_cat