Лејди Дајана сакала да му роди ќерка на пакистанскиот лекар

popara1 август, 20131min00
12

Ако лејди Дајана беше жива сега ќе беше баба откако на 22 јули нејзиниот син принц Вилијам стана татко на малиот Џорџ.

Медиумиите пишуваат дека лејди Дајана била лудо вљубена во Хаснат Хан со кого била во врска две и пол години. Таа дури споделила со свои блиски: “Сите ме предадоа. Хаснат е единствениот човек, кој никогаш не ме изневери“.

Миленичката на британците се надевала да се омажи за Хан и да му роди ќерка, се вели во текстот објавен во Vanity Fair.

“Мислам дека конечно го најдов човекот на мојот живот“, споделила Дајана пред својот духовен гуру Симон Симонс, која се занимавала се енергетско лечење на нежната англиска роза.

Хан после смртта на Дајана признал дека немало како да живеат заедно во Англија и дека и предложил да се пресели кај него во Пакистан за да бидат подалеку од објективите на папараците. Според него принцезата била решена да го реализира заедничкиот план.