Лејди Гага остана само по парфем за новиот проект на една од највпечатливите фигури во светот на современата уметност – Марина Абрамович.
Проектот има за цел да собере средства за институт во кој ќе биде користен “Методот на Абрамович“ – серија од вежби, кои ќе ги потикнат учениците да го откријат и почувствуваат своето психичко и физичко присуство во сегашниот момент.
Во видеото Гага шета скроз Гола во комбинација со музика, танци и уметност. Но тоа воопшто не ги изненади нејзините фанови земајќи ги во предвид крајностите до кои одела претходно.