Американската пејачка на својата Фејсбук страна соопштила дека ќе биде домаќинка на арт-рејв изложбата каде ќе соработува со Марина Абрамович.
Ѕвездата изјавила и дека нејзиниот нов албум наречен “Арт поп“ ќе излезе 19 ноември.
Во соопштението се вели дека нејзиното ново музичко дело ќе биде мешавина од мода, музика, уметност и технологија.
Гага во повеќе наврати истакнала дека се воодушевува на делото на Абрамович и дека истата е човечко суштество без лимит.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=EVY4Whayw0s