
Деновиве папараците ја уловиле Лејди Гага во Лос Анџелес како излегува од студио во мошне лоша состојба, која буквално не можела да стои на нозе, одејќи со помош на еден од момците од обезбедувањето. И веднаш се појави дилемата во јавноста: Дали е пијана, дали дрогирана, уморна или пак последица од операцијата што ја имаше неодамна? Од тимот на Гага нема одговор, па останува само да претпоставуваме што точно се случува со неа.

