Компанијата Леново остварила 16,7% од глобалниот пазар за оваа техника во втората половина од годинава, со што станала и водечки произведувач на компјутери во светот.
Ова е за прв пат компанијата Леново јасно да застане на водечка позиција на подрачјето на персоналните компјутери. Претседателот и извршниот директор на Леново, Јанг Јуанкинг изјавил дека се гордее со она што компанијата го постигнала и што во моментов е лидер во областа изразувајќи благодарност на корисниците како и на глобалниот тим за овој успех.