
Лондон – Кери Фулер (35) со нож си ги убил трите деца, синот Сем (12) и ќерките Бека (8) и Шарлот (7), ги фрлил во каменолом, а потоа скокнал во провалија. Монструмот се одлучил на тоа откако дознал дека неговата сопруга Рут планира да го остави поради друг маж.
Кога Кери дознал дека неговата сопруга сака да го напушти одлучил да ги убие и децата и себе си за да ја казни. Ги однел децата во шумата покрај стариот каменолом, 120 км од нивната куќа. Пореметениот татко децата ги заклал со ловечки нож после што самиот тој скокнал во провалија.
