Љубовта создава зависност како дрогата!

popara15 јануари, 20131min00
ljubov

Сите сме слушнале мислата дека љубовта е како дрога, но всушност и според истражувањето се покажа, дека тоа е вистина. Вљубувањето навистина има сличен ефект врз организмот и ги активира истите делови од мозокот, како илегални супстанции.

Појавата на чувства доведува до емоционална реакција во овој дел од сивата материја, која е поврзана со мотивацијата и чувството на задоволство. Научниците велат дека нашиот мозок е изграден така што го избираме партнерот која сме мотивирани да го освоиме и дури сме подготвени да дојдеме до екстремни постапки, пишува Daily Mail.

Чувството на задоволство произлегува од тоа дека се чувствуваме добро и сфаќаме дека за тоа  вредат напорите кои ги правиме. Лису Браун, невролог во медицинскиот колеџ “Алберт Ајнштајн” во Њујорк, вели:

“Можете да се чувствувате среќни кога сте вљубени, но можете и да почувствувате чувство на анксиозност”.

Професор Браун, исто така, наведува дека делот за задоволство во мозокот и центарот на задоволство се од витално значење за нашиот опстанок, бидејќи тие ја предизвикуваат потребата од близина и секс.

“Интензивната, страсна љубов го користи истиот систем во мозокот кој се активира кога еден човек е зависник од дрога”, вели коавторот на истражувањето Артур Арон, психолог од Државниот универзитет на Њујорк.

Податоците од истражувањето се базираат на магнетна резонанца на десет жени и осум мажи, кои тврделе дека се силно вљубени. Должината на нивните врски се движи од еден месец до помалку од две години. На учесниците им биле прикажани слики на партнерката и од човек што личи на нивниот партнер.

Научниците утврдиле дека објектот на чувства ги предизвикува најсилните емоции на кои е способен човекот. Истражувањето покажува дека должината на врската и емоциите не се целосно поврзани, бидејќи и кај долгогодишните партнери се основани идентични реакции. Утврдено е дека кај луѓето со подолги врски активностите во овие делови на мозокот се поврзани со приврзаност и посилна симпатија.

“За повеќето луѓе, стандардниот модел е бавен пад на страста во подолга врска, но раст во приврзаноста”, рече д-р Арон. “Додека љубовта постои, ние навикнуваме на врската и не се плашиме дека партнерот ќе не напушти, па не сме толку фокусирани на сексуалната желба”, додава тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag