Пејачката Мадона открива дека во времето на нејзиниот прв престој во Њујорк била силована и брутално претепана. Нејзиниот живот во минатото, во американската метропола не бил ни малку лесен, бидејќи постојано и провалувале во станот, иако немала ништо вредно.
“Првата година во Њујорк како да бев магнет за несреќи. Силувана сум на кров од зграда со нож во грб, ме нападна непознат маж. Живеев во апартман кој три пати го провалија, а не знам зошто, немав ништо вредно во него“, изјавила Мадона, со што ги шокирала фановите.
Мадона прв пат го обелоденила овој немил настан во 1995 година, но приказната никогаш не е објавена.
“Бев многу осамена, и на работ на егзистенцијата“, додава пејачката.