Материјалната девојка конечно успеа да го пречекори прагот од милјарда долари.
54 годишната поп икона веќе е дел од ексклузивниот клуб каде членуват познатите личности со десетоцифрена сметка во банка.
Пред две години нејзиното богатство беше проценето на 700 милиони долари, но поп кралицата е позната како вешта и бизнис дама која очигледно мудро ги инвестирала своите пари, па така за кратко време ги зголеми на милијарда.