Мајка делфин со денови го носи мртвото чедо на грб :(

popara20 октомври, 20131min00
7

Додека ја набљудувале туристите, бебето пет пати и паднало од грб, се лизнало, но мајката ја продолжувала борбата со брановите со цел своето чедо да го однесе и да го “погребе“, далеку од брегот – во длабочините на океанот.

Борејќи се со вознемиреното море, мајката делфин го носела своето чедо на неговото последно патување. Овој трогателен и тажен ритуал е нешто што ретко се гледа – а уште поретко се лови со камера.

Се верува дека мајката го носела своето мртво бебе далеку од брегот, за да го погреби во длабоката вода. На телото на малечкото била видлива рана околу 30 сантиметри во пределот на стомакот.

Ако сте меѓу оние кои на животните гледаат како на предмети, се надеваме дека ќе се сетите на ова следниот пат кога ќе решите да направите нешто слично кон припадниците на животинското царство.

http://www.youtube.com/watch?v=UR680gr7PkM

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma