
Мајли Сајрус даде ново интервју за Сан каде најмногу се зборува за нејзината фризура. Ние речиси престанавме да зборуваме за нејзината драстична промена уште минатата година кога се случуваа најголемите промени во нејзиниот животен стил и кога од девојче од соседството, Мајли се трансформираше во сексапилна, провокативна млада жена.
Мајли во интервјуто вели дека е особено горда поради фактот дека е вклучена во изборот на Максим како дел од 100-те најсексапилни жени во светот, каде е објавена со нејзината ултра кратка коса.
“Никој не би помислил дека менувањето на фризурата може буквално да ти го смени животот. Јас само ја исеков косата и тоа навистина го смени мојот живот“, вели Мајли и додава дека кратката коса ја прави специфична, различна и жена што знае што сака. Вели дека не сака да изгледа како пластична Барбирка, како поголемиот дел од нејзините колешки.
