Мајли Сајрус: Само Бритни Спирс ме разбира!

popara1 август, 20131min00
3

20 годишната пејачка Мајли Сајрус сподели дека и е тешко да се пребори со негативните аспекти на славата и дека единствениот човек кој може да разбере како се чувствува е нејзината колешка Бритни Спирс.

Ѕвездата на Дизни додаде дека кога ќе станеш популарен на млади години не е лесно да се зачуваш себе си и да пораснеш како нормален човек посочувајќи ја за пример блондинката која исто така стекна популарност многу млада.

“Секој поминува низ фаза во животот кога сака неговата приватност да остане приватност. Бритни никогаш немала шанса да каже – Минувам низ нешто лично и имам потреба да ме оставите сама. Јас исто немам таква шанса!“, изјавила младата дама.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *