На прашањето од страна на новинарите: Дали си лезбејка?, Марија одговорила дека на тоа прашање ќе добијат одговор во среда, бидејќи токму тој одговор е круна на филмот или јагода на шлагот.
Пејачката на прашањето за врската со дизајнерката Вера Веигл само кратко прокоментирала дека очекувала сите да ја поврзат со неа бидејќи приватно се пријателки.
Пејачката изразила голема благодарност кон своите родители за подршката за овој автобиографски филм и порака до нив да издржат додека не ги обелодени сите тајни за себе си.
“Моите родители немаа проблем се да раскажам во филмот. Можам да им кажам на младите луѓе дека не сум алкохоличарка иако пијам понекогаш. Живеев со алкохоличар во семејството па знам што значи тоа“ – изјавила Марија.