Ако ништо друго, британската старлета и манекенка Џоди Марш може да се пофали дека го има веројатно најкрупниот телохранител, а за нејзината безбедност води сметка огромниот билдер Зак Кинг Кан чии огромно мускули влеваат стравопочит.
Зак е висок 182 см, а тежок 150 килограми, па сами проценете за каква карпа од човек се работи. Џоди, која исто така се занимава со боди билдинг, позирала со Зак, а во врска со сликата напишала дека е пресреќна што го има најпрекрасниот телохранител во светот.