Маски за коса од кромид

popara20 август, 20131min00
2

Постојт многу состојки од кујната кои се користат за убавина. Кромидот на пример е еден од состојките кои се користат за нега на косата. Тој е еден од состојките кои покажале најефикасни резултати за зголемување на растот на косата. Според тоа кромидот може да се користи за разни маски за коса. Маските за коса од кромид го забрзуваат растот на косата и го решаваат проблемот со опаѓање на косата. Во продолжение погледнате неколку такви маски.

Сок од кромид

Исцедете сок од кромид и ставете го на коста. Тоа е една од ефектните маски за коса која може да ги излекува проблемите со опаѓање на косата и може да го подобри квалитетот на косата.

Маслиново масло

Можете да измешате сок од кромид со маслиново масло и смесата да ја ставите на темето за да го одстраните првутот. Оваа маска е исто така добра за сува коса.

Пиво

Кога пивото ќе се измеша со сок од кромид, добивате маска за коса која може да ја омекне вашата коса и да ја направи блескава.

Масло од кокос

Оваа маска за коса е многу ефектна за забрзување на растот на косата. Масирајте ја коста со кокосово масло и сок од кромид и осатавете ја 30 минути.

Мед

Медот и сокот од кромид исто така го забрзуваат растот на косата.

Рум

Ставете го кромидот во чаша со рум и оставете го да преноќи. Следното утро нанесете го на коса. Оваа маска ќе го забрза растот на косата.

Лимон

Измешајте сок од лимон и сок од кромид и нанесете ја маската на вашата коса. На овој начин можете да го излекувате опаѓањето на косата и првутот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma