Мелина знае: Како до совршена силуета- Основни совети при подготовки за започнување на диета

popara14 јуни, 20131min00
m2

Во пресрет на летото и еуфоријата околу годишните одмори, сигурно сте во потрага по “идеална” диета, со која на едноставен начин преку драстично намалување на храна по пат на изгладнување ќе сакате да постигнете експресни резултати со намалување на неколку килограми за многу краток временски период.

Така, ако единствен критериум за успехот е намалување на тежината, а притоа не Ве интересира како се одвива тој процес и колку време ќе ја задржите таа тежина, тогаш сте соочени со два многу сериозни проблеми:

  • Намалената тежина како резултат на ваквите диети речиси никогаш не се задржува.
  • Вториот и најважен проблем е дека со овој тип на диети најмногу се губи мускулната маса, а не масните наслојки.

Како трајно да ослабете?

Првиот чекор кон симнувањето на масните наслојки е поврзан со промената на размислувањето, наместо навика за краткорочни диети мора да стекнете навики за цел живот. Корените на навиките за здрава исхрана и активност може да се формираат за 28 дена, бидете истрајни.

Најкритичниот фактор при здравото слабеење е задржување или зголемување на мускулната маса, бидејќи колку повеќе мускули имате, толку повеќе калории согорувате, дури и кога се одмарате или спиете. Комбинација од третмани и физичка активност го забрзува ритамот на слабеење.

Потрудете се, наместо прегладнување или конзумирање на еден до два обилни оброка дневно да имате чести и мали здрави оброци, приближно на секои три часа. Кога јадете повеќе, телото согорува повеќе калории, бидејќи со постојаниот внес на храна го забрзувате вашиот метаболизам.

И на крај како последно, но не и најмалку важно – водата. Пијте вода (обична, не минерална) во секое време, дури и кога не чувствувате жед, бидејќи жедта е првиот знак кој ни кажува дека телото ни е дехидрирано, а со самото тоа ќе го забавиме процесот на слабеење.

Се надевам дека преку моите основни совети ќе успеам да допрам до Вас, да ги избегнете сите  експресни диети и уште денес ќе одлучите трајно да ослабете.

До нашето наредно дружење.

Ве сака

Мелина

Melina

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma