Холивудската ѕвезда и секс симбол Мерилин Монро била сигурна дека ќе се омажи за американскиот претседател Џон Кенеди и телефонски се обратила до Белата куќа и ја известила првата дама на САД за врската.
Според најновото истражување Џеки била свесна за неверствата на својот сопруг но се нервирала само поради Мерилин и тоа не за аферата туку од страв дека ќе биде јавно понижена.
Таа наводно го сакала својот сопруг и го преколнувала да не ја префрли во засолниште надвор од Вашингтон доколку дојде до нуклеарна криза.
Сепак Џеки се омажила за тајкунот Аристотел Оназис само пет години после смртта на Кенеди и затоа во новата книга посветена на семејството и аферата се вели дека меѓу сопружниците никогаш љубов не постоела.