
И покрај тоа што продавниците се преполни со млека, гелови и марамици за чистење шминка, се повеќе жени во последно време се одлучуваат за мицеларна вода.
Овој фантастичен бјути изум е соодветен за сите типови кожа, а освен што е благ, не ја мрси и не ја суши кожата и без многу триење лесно ги отстранува остатоците од шминка по лицето.
Оваа течност со благо пребришување на лицето со тампон ќе ја извлече нечистотијата настаната поради прашина и смог, па затоа често ја користат и девојки кои не се шминкаат, а со оглед на тоа дека ги прочистува и порите – супер е и за борба со акните и митесерите.
Мицеларната вода се состои од ситни честици наречени мицели и благодарение на нив кожата фантастично се чисти, а најдобро е што после овој третман лосион не ви е потребен бидејќи кожата после апликација на мицеларна вода останува мека и мазна.