Мињон торта

10 јануари, 20130
torta

Потребни состојки:

За првата кора:

–          4 белки

–          4 лажици шеќер

–          100гр мелени ореви

–          лажица брашно

За втора кора:

–          4 белки

–          4 лажици шеќер

–          100гр мелени печени бадеми

–          лажица брашно

За трета кора:

–          4 белки

–          4 лажици шеќер

–          100гр мелени печени лешници

–          лажица брашно

За фил:

–          12 жолчки

–          12 лажици шеќер

–          200гр путер

За глазура:

–          50гр чоколадо за готвење

–          50гр бело чоколадо

–          50гр млечно чоколадо

–          6 лажици масло

Начин на подготовка:       

За сите три кори постапката е иста. Пенасто изматете ги белките, додадете шеќер и на крајот внимателно додадете лажица брашно и за првата кора ореви, за втората бадеми, а за третата лешници. Печете ги трите кори во подмачкан калап, секоја по 20 минути на 180 степени. Во меѓувреме подгответе фил. Варете ги на пареа жолчките и шеќерот, па кога ќе згусне, оставете да се оладат и додадете пенасто изматен путер. Филувајте ги корите и на крајот целата торта премачкајте ја со останатиот фил. Ставете ја тортата во фрижидер да се стегне, па украсете ја на следниов начин: прво на пареа растопете чоколадо за готвење со две лажици масло и прелијте ги краевите на тортата, па вратете ја во фрижидер да се стегне; потоа на ист начин истопете го белото чоколадо и прелијте го надворешниот прстен на тортата со краевите, па повторно оладете; на крајот истото направете го со млечното чоколадо, па прелијте ја средината на тортата. Можете вака да ја оставите или со вилушка да направите шари на тортата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *