Мистерија: Археолозите ја откриле вратата кон пеколот!

popara3 април, 20131min00
2

Археолозите тврдат дека ја откриле „вратата од пеколот“, премин кој според грчката и римската митологија води кон подземјето и дека наодите се поклопуваат со историските архиви.

Местото наводно се наоѓа во древниот Хиеараполис кој денес се вика Памуккале, а се наоѓа во југозападна Турција. Малиот храм со скали кои водат во подземна просторија е исполнет со смртоносни гасови.

Секое животно што влегло внатре веднаш умрело. Фрлив внатре врапче, а тоа веднаш падна на подот – вака го опишал местово многу одамна грчкиот географ Страбон.

Меѓу бројните рушевини археолозите пронашле пештера со јонски столбови на кои имало натпис посветен на богот на подземјето, Плутон и божицата на подземјето, Кори или Перзефони.

Hram sa ulazom u podzemlje