Состојки:
4 јајца
1 литар млеко
7 супени лажици брашно
1 филџан шеќер
65 гр путер
1 пакетче ванила
Во соодветен сад го ставаме млекото да зоврие.
Во друг сад ги биеме жолчките со шеќерот.
Го раствараме брашното во малку вода и го додаваме во жолчите. Земаме еден филџан од топлото млеко и го додаваме при што мешаме внимателно.
Смесата ја додаваме внимателно со постојано мешање во млекото кое сеуште е на оган.
Мешаме додека се згусти. Ја додаваме и ванилата.
Откако ќе го тргнеме садот од оган го додаваме путерот и избиените во густ крем жолчки. Мешаме внимателно.
Го исипуваме кремот во студени садови.
По желба при сервирање поросуваме со ренданo чоколадo.